Според последните податоци, во светот од новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 27,.598,422 лица. Од нив починале 898.622, а оздравеле 19.686,700 луѓе.

– САД регистрираа уште 24.362 случаи на коронавирус, а вкупниот број на заразени достигна 6.300.727, според Универзитетот Џон Хопкинс. Бројот на починати е 189.206, откако вчера беа евидентирани 265 нови смртни случаи поврзани со коронавирусот, пренесува Си-Ен-Ен. Соединетите Американски Држави се први во светот по бројот на заразени и починати од Ковид-19.

– Во изминатите 24 часа се тестирани 481 лице за кои постоело сомневање дека се заболени од Ковид-19, при што се откриени нови 97 заразени. Со тоа, вкупната бројка на лица кај кои е откриен вирусот, од почетокот на пандемијата, достигна до 14.301. Активни носители на вирусот во Косово, според ИШПК, моментно се 2.951 лице

– Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 1.499 – на 252.298, според денешните податоци на Институтот за инфективни болести Роберт Кох. Бројот на жртви на Ковид-19 се зголеми за четири, на 9.329 починати лица.

– Во Албанија во последното деноноќие од направенте 830 тестови, позитивни на Ковид-19 биле 147 лица,што е околу 18 отсто од тестираните. Тирана и понатаму главно жариште на болеста, од каде се 67 од новозаразените,останатите се речиси од сите делови на земјата. Моментно активни на болеста се 3.993 од кои во двете ковид болници се хопситализирани 199 од нив 24 се во потешка здравствена состојба.

– Во Аргентина, бројот на смртни случаи од коронавирус достигна 10.129, а потврдени се 488.007 случаи на инфекција, објави владата на таа земја. Во Аргентина, последниве недели се зголеми бројот на заразени со вирусот. Делови од земјата, вклучително и главниот град Буенос Аирес, остануваат делумно во карантин.

– Кина пријави 10 нови случаи на коронавирус, но Националната здравствена комисија потенцира дека во земјата 23 дена не е забележана локална трансмисија на вирусот. Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во Кина е 85.144, а починале 4.634 лица.

– Турското Министерство за здравство денеска соопшти дека 1.703 нови случаи на Ковид-19 се потврдени во таа земја, што е најголем број на новоинфицирани од 15 мај, кога беа потврдени 1.708 случаи на инфекција. Вкупниот број на заразени е 281.509. Во изминатите 24 часа, 57 лица починаа од болеста, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 6.730.

– -Во Грција во изминатите 24 часа се регистрирани вкупно 169 нови случаи, од кои 15 по направените тестови на влезните точки во земјата, а почина уште едно лице. Од почетокот на епидемијата, заразени се 11.832 лица и регистрирани 290 смртни случаи од Ковид-19.

– Бројот на лица заразени со коронавирус во Египет надмина 100.000 од почетокот на пандемијата, објави египетското Министерство за здравство. Египетското министерство во соопшти дека се регистрирани 100.041 случај на коронавирус од почетокот на пандемијата, како и 5,541 смртни случаи.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти еден нов случај на Ковид-19, од направени 2.797 тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.511 лица.

– Во Бразил, бројот на заразени со коронавирус се зголеми за 10.273 во последните 24 часа, додека 310 лица починаа како резултат на Ковид-19. Податоците на Министерството за здравство во Бразил покажуваат дека 4,15 милиони луѓе биле заразени со вирусот во оваа земја од почетокот на пандемијата и дека починале 126.960 лица. Бразил во моментов е трета по големина земја во светот според бројот на заразени со вирусот, додека Индија, која е втора според инфицирани, има 4,2 милиони потврдени случаи.

– Во Бугарија, според денешните официјални податоци, потврдени се 57 нови случаи од 1.220 тестирани примероци. Во Бугарија во моментов има активни 4.280 случаи на инфекција, а хоспитализирани се 773 пациенти, пренесува БТА. На единиците за интензивна нега има 53 пациенти.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 216 новозаболени лица, што е најголем број на случаи од почетокот на епидемијата и три смртни случаи. Според Институтот за јавно здравје, тестирани се 839 примероци. Вкупниот број на активни случаи на Ковид -19 во Црна Гора во моментов е 1.451.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2020 22:53