Рускиот претседател Владимир Путин лично ќе објави доколку одлучи да ја прими вакцината против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Доколку смета дека е неопходно, ќе ја информира јавноста за тоа, изјави Песков.

На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрираше вакцина против коронавирусот и ја именуваше Спутник V, а меѓу јавните личности кои веќе ја примиле вакцината се министерот за одбрана Сергеј Шојгу, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин и лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, како и белорускиот премиер Роман Головченко.

Во средината на август, Путин објави дека вакцина примила и една од неговите ќерки.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2020 11:17