„Мајкрософт“ неодамна предупреди консултантска фирма што учествува во предизборната кампања на Џо Бајден, кандидат на Демократската партија на САД на претстојните претседателски избори, дека наводно била мета на руски хакери кои работеле со поддршка на владата во Москва.

Хакерските напади врз компјутерските мрежи на вашингтонската компанија „СКДК“, кои наводно се случиле во текот на изминатите два месеци, биле неуспешни поради добрата заштита,но засега нема коментар од засегнатите страни.

Реагирајќи на наводите за напади на руски „државни хакери“ кон компанијата, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги опиша обвинувањата како бесмислени, а Русија и претходно негираше обвинувања дека на тој начин била вклучена во одржување избори во други земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2020 20:36