Москва и Пекинг сметаат дека деструктивните активности на Вашингтон доведуваат до зголемување на тензиите во различни делови на светот, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува руската државна агенција ТАСС.
– Ние ги посочивме деструктивните активности на Вашингтон кои ја поткопуваат глобалната стратешка стабилност, рече Лавров на прес-конференција по разговорите со неговиот кинески колега Ванг Ји..
– Овие активности доведуваат до зголемување на тензиите во различни делови на светот, особено долж границите на Русија и Кина, рече тој.