Перуанскиот Парламент вчера изгласа почеток на процедурата за импичмент против претседателот Мартин Вискара поради „морна некомпетентност“, јави ДПА.

За почетокот на процедурата за импичмент гласаа 65 пратеници, 36 беа протрив, а 24 воздражани, јави весникот „Ел Комерсио“

Вискара е обвинет дека побарал од неговите советници да лажат во паламентарна истрага, во случај што се однесува на контроверзен договор со релативно непознат пејач, а чија вредност била 50.000 долари.

Постапката на пратениците Вискара ја оцени како „заговор прорив демократијата“, додава ДПА

Тој сега има на располагање 10 дена да поднесе жалба и да ја докаже неговата невиност

Вискара кон средината на јуни ги смени премиерот и неколку други министри откако се зголеми бројот на случаи со коронавирус во земјата и економската криза ја намалија неговата популарност.

Вискара во оваа криза побара оддржување претседателски и парламентарни избори во април 2021 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2020 12:21