Франција како голем пријател на Македонија покажува силна поддршка за нашите аспирации за брз почеток на преговорите со ЕУ и е значаен поддржувач на реформските процеси за изградба на систем на владеење на правото, како и за унапредувањето и заштитата на човековите права, изјави денеска министерот за правда Бојан Маричиќ на средба со францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние.

На францускиот амбасадор Тимоние кој е во заминување, министерот Маричиќ му се заблагодари за посветеноста и личното учество во постигнувањето на најдобриот можен исход на реформскиот пат на Република Македонија.

Како што соопшти Министертсвото за правда, изразувајќи очекување за продлабочување на соработката, Маричиќ истакна дека земјата се наоѓа во исклучително важен период непосредно пред одржувањето на првата меѓувладина конференција и официјалниот почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ, период во кој интензивирано ќе се посвети на реформите во делот на владеењето на правото.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2020 15:31