Американка преку Тик-ток предизвикот „Две вистини и една лага“ го расплака својот сопруг и, тоа стана хит на интернет.

Концептот на играта е во тоа што личноста која снима, ѝ кажува две вистини и една лага на „жртвата“, а таа, или во случајов – тој треба да ја погоди лагата. Така, предизвикувачката рече:

– Под број 1. Отсекогаш сакав да станам глумица. Бр. 2. Хаските ми се омилени кучиња. И, бр. 3. Јас сум бремена.

Испадна дека хаските ѝ се омилени кучиња, но сопругот го знаеше тоа…

Нему му требаа само две-три секунди да сфати дека е бремена.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2020 14:57