Високи претставници на одбраната во САД разговараа за оставка доколку претседателот Доналд Трамп и нареди на американската војска да ги задуши сите немири на изборите во ноември, објави „Њујорк тајмс“.

Армијата е загрижена дека Трамп ќе се обиде да ја користи војската против американски граѓани кои ќе протестираат против него доколку се обиде да остане на власт по губењето на избрите на 3 ноември.

Веснико нагласува, повикувајќи се на неколку извори во Пентагон, дека таквиот потег може да доведе до оставка на генералите од тимот на Трамп, вклучувајќи го и генералот Марк Мили, претседател на Советот на началници на ГШ.

Џон Ганс од МО во администрацијата на Барак Обама за весникот изјави дека е загрижен дали војската е навистина подготвена да се спротивстави на наредбите на претседателот.

„Пентагон има планови за војна со Канада и зомби апокалипса, но нема план во случај на спорни избори. Ова се големи прашања што влијаат на угледот на институцијата“, истакна тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/09/2020 23:39