ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Р. (38) од тетовското село Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен, Б.Р., во текот на минатата година, како сопственик на локација во населбата „Елен Камен“, атар на струшкото село Калишта, без соодветно одобрение и спротивно на основниот проект, започнал со изградба на викенд куќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2020 21:28