Осуденици од Казнено-поправниот дом во Сремска Митровица, Србија, дизајнираа и сошија повеќе заштитни маски наменети за Модната недела во Торино. Таа се одржува од 3. до 9 октомври.

Според соопштение на Министерството за правда на Србија, затворениците сошиле 26 маски. Од почетокот на корона-пандемијата, осудениците во Сремска Митровица, Ниш и Забела и осуденичките во Женскиот затвор во Пожаревац се занимаваат со шиење маски.

Била одржана и обука со финансиска поддршка на германската невладина организација „Помош“. Курсот траел една година, а се подготвува нов циклус. Според властите, тоа ќе им помогне на осудениците да најдат работа по истекот на затворската казна.

Модната недела во Торино се одржува без присуство на публика, со цел спречување на ширењето на Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/10/2020 16:02