Во пресрет на постудените времиња во годината, а во однос на запазувањето на свежината и чистиот воздух во домот, стручните лица препорачуваат одгледување кактуси, алое вера или мала палма дома.

Кактусот го апсорбира штетното електромагнетно зрачење, ја намалува концентрацијата на испарливи органски материи и, главно, совршено го прочистува воздухот од чадот, лошите миризби и микробите. Покрај сѐ тоа, ова растение не бара многу светлина, а ни грижа.

Од друга страна пак, покрај тоа што се користи за негување на кожата и телото, алое верата е, исто така, и одличен прочистувач на воздухот, на пример, од зрачењето од компјутерските и ТВ екраните.

За тоа се препорачува и палмата. Според истражувања на НАСА, палмата Арека, на пр., е рангирана на осмото место по ефикасност на отстранување на формалдехидот. Освен тоа, добро ја одржува влагата и свежината во просторијата и многу брзо ги отстранува хемиските токсини од воздухот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/10/2020 15:17