Кога 99-годишната Шпанка, Флорентина Мартин се инфицира со новиот коронавирус во септември, нејзината внука не се плашела дека болеста може да ја убие.

– Многу се плашев дека осаменоста ќе ја докрајчи пред вирусот, бидејќи се плашеше дека ќе остане сама, особено во болницата, вели Ноелија Вале.

Нејзината баба почувствувала слабост кусо по 99-от роденден, на 16 септември. Сепак, таа имала само благи симптоми и оздравела бргу, со помош на нејзиното семејство, пријателите и негувателката Олга Арауз.

Сега таа се чувствува добро и може повторно да ги гледа своите омилени емисии и да игра видеоигри на својот таблет.

Со над милион случаи, Шпанија има најголем број заразени луѓе со коронавирусот во Западна Европа. Повеќе од 34.000 луѓе починаа од Ковид-19 во земјата, повеќето од нив на над 80-годишна возраст.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2020 12:26