Изминатава ноќ пријавени се три сообраќајни незгоди кои се случиле поради животни на автопатотот Гостивар-Тетово-Скопје, информираат од СВР Тетово. Во трите инциденти нема повредени луѓе, а причинета е материјална штета на возилата.
-Во периодот од половина час по полноќ до 6 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавени се три сообраќајни незгоди на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Првата во близина на Градечкиот надпатник и бензинска пумпа, предизвикани од животни, а во кои учествувале патничко возило „бмв“ и два автобуса. Повредени лица нема, а причинета е само материјална штета, соопшти денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Увид извршиле екипи од Секторот за внатрешни работи Тетово.а