Минатата седмица биле санкционирани 219 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“.

Во периодот од 19 до 25 октомври со пајак на ЈП ПОЦ отстранети биле 101 непрописно паркирано возило, а со поставување блокатор биле санкционирани 118 возила, затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

-ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците- велат од ЈП ПОЦ.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2020 23:38