Триесет и седумгодишен кавадарчанец вчера починал откако излетал од коловоз на локалниот пат кон село Крњево при вкрстувањето со локален пат за кавадаречкото село Барово.

– На 27 октомври во 16:10 часот било пријавено дека на локалниот пат кон село Крњево, при вкрстувањето со локален пат за село Барово, кавадаречко, трактор марка „ИМТ 533“, со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Н.(37) од Кавадарци, излетал од коловозот. Г.Н. починал на местото на незгодата, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2020 13:43