Тетовец не го почитувал решението за домашна изолација, ќе добие кривична пријава Полицијата во Тетово открила жител на градот кој не го почитувал решението за изолација во изминатото деноноќие.

Тоа било утврдено во рамки на контролите на луѓето за кои Државниот санитарен и здравствен инспекторат, има издадено решенија за домашна изолација.

-СВР Тетово во текот на изминатите 24 часа изврши контроли кај 785 лица за кои Државниот санитарен и здравствен инспекторат, има издадено решенија за домашна изолација. При тоа било констатирано дека едно лице од Тетово не го почитувало решението и изготвена му е кривична пријава по член 205 од Кривичниот законик, соопшти портпаролот Марјан Јосифоски.

Ова е втор ваков случај месецов. На 1 октомври едно лице од Долно Палчиште, тетовско не го почитувало решението за самоизолација дома.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (27.10./28.10.) нови решенија за изолација добиле 51 лице додека за неносење заштитни маски 77 лица добиле прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2020 02:20