Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против скопјанец, кој искористувајќи исти или слични околности, во текот на месец септември сторил повеќе кражби на неколку локации во Скопје.

– Обвинетиот на 26 септември, на улица „Алжирска“, од една оштетена одзел женска чанта во која имало паричник со пари и други предмети во вкупна вредност од 36.200 денари. Тој влегол во домот на оштетената низ влезната врата, ја турнал, ја одзел чантата и избегал, информираат од ОЈО.

Истиот ден, на пешачка патека на улицата „Теодосиј Гологанов“, обвинетиот на дрзок начин одзел две ланчиња од една оштетена – златно ланче со приврзок монета во вредност од 6.500 денари и едно ланче бижутерија вредно 2.000 денари.

– На разминување по патеката, тој со раката насилно и ги грабнал ланчињата кои што оштетената ги носела околу вратот и избегал, стои во соопштението од ОЈО.

На 30 септември, на автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“, обвинетиот на дрзок начин одзел златно ланче вредно 30.000 денари, така што насилно го грабнал од вратот на оштетената и го напуштил местото.

Јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​

Лицето се товари за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 во врска со член 45 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2020 13:24