Дваесет и осум годишен тетовец е приведен како осомничен за сторени петнаесетина тешки кражби во неколку тетовски села, информира СВР Тетово. На тој начин се расветлени кражбите во повеќе колонијални продавници кои во текот на овој месец биле пријавувани во полицијата.
-Осомничен дека е извршител на кражбите е 28-годишниот тетовец Ш.И., кој вчера 28 октомври околу 11 часот и 50 минути, бил лишен од слобода на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово и потоа задржан во Полициската станица Тетово. Против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Петнаесетината тешки кражби во колонијалните продавници се пријавени од местата Челопек, Радиовце, Милетино, Слатино и други села