Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

Само на територијата на Општина Сарај изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, 31 за неисправни и нерегистрирани возила и 31 санкција за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2020 11:43