Дваесет и четири годишник од Делчево утрово е лишен од слобода откако претходно бил пријавен за обљуба врз женско лице од Делчево. Случајот како што стои во извештајот од Полициското одделение од општа надлежност Делчево бил пријавен утрово во 1:30 часот од страна на роднина на пријавената.
-Полициски службеници од Полициската станица Делчево на 31 октомври 2020 во 06:45 часот го лишиле од слобода Б.Ј.(24) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава од жител на Делчево дека во 01.30 часот врз негова роднина во нејзиниот дом во Делчево, пријавениот извршил обљуба врз неа, се вели во полицискиот извештај.
Обљубата како што навело лицето кое го пријавило случајот е извршена под закана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.