Полициски службеници денеска приведоа едно лице од Чаир по распишана потерница, соопшти МВР.
– Во 14 часот денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка- Отсек за потрага на територија на Чаир го приведоа А. З. (28) по распишана потерница во врска со чл.418 и чл.273 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, наведуваат од МВР.
Оттаму посочуваат дека лицето е спроведено во полициска станица за натамошна постапка