Во текот на изминатото деноноќие изречени се 837 санкции за неносење маска.

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие (31.10/01.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 837 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2020 13:17