Патничко моторно возило „БМВ“, управувано од 16 годишен малолетник од Гостивар, во кое како совозач бил И.Ј.(18) од Гостивар, вчера во 23:20 часот удрило во ѕид нa ул. „Лазар Лазарески“ во Гостивар. По незгодата И.Ј. е пренесен во Медицински центар Гостивар каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.