Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело „силување“ од член 186 став 1 од Кривичниот законик.
Како што денеска соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија, осомничениот на 31.10.2020 година во вечерните часови, насилно влегол во семејната куќа на оштетената, каде со употреба на сила ја присилил на обљуба.
– Јавниот обвинител по донесување на наредбата за спроведување на истражна постапка, до Основниот суд Кочани достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од судот, па на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од ЈО на Република Македонија.