На 02.11.2020 во с. Долно Лакочереј, охридско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Охрид во координација со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи ги лишиле од слобода К.А.(33), А.Н.(33) и С.К.(33), сите од Охрид, со место нa живеење во село Долно Лакочереј, охридско.
При претрес во нивните домови во село Долно Лакочереј, извршени со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и стебла од растението Канабис сатива.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.