СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Тој, на 24.02.2020 година, бесправно навлегол во компјутерските податоци на кредитната картичка, сопственост на А.А. од Охрид и извршил шест трансакции, со кои се стекнал со противправна имотна корист од околу 6.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2020 01:27