Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба денеска го приведоа Д.П., кај кого при претрес на дом, по добиена судска наредба, беше пронајден пиштол и рамка со седум куршуми, информира МВР.

Д.П. е осомничен и за извршени разбојништва, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2020 21:11