Сопственик на угостителки објект во гостиварското село Добри Дол, доцна полпаднево е приведен во полициска станица Гостивар. При контрола, во неговиот локал било откриено дека се организира семејна веселба.
Извори од полицијата потврдија дека по пријава била спроведена вонредна контрола. Наводите се потврдиле дека во 18 часот во објектот се организирала семејна веселба по што сопственикот бил приведен по што гостите го напуштиле ресторанот.
Станува збор за објект кој пред два дена беше затворен бидејќи во него била организирана свадба со околу 120 гости. Тогаш полициски службеници и инспектори од Пазарниот инспекторат откако утврдиле прекршување на препораките на М.И. (55) кој ја организирал веселбата, и сопственикот на угостителскиот објект М.И. (33) и поднесе соодветни пријави.
Во тек е расчистување на настанот, а дополнителни информации се очекуваат утре