Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 380 мерки, меѓу кои 59 за возење без возачка дозвола, 39 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 86 мерки за непрописно паркирани возила и 31 казна за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2020 12:21