На 04.11.2020 во 14.15 часот полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Т.П.(39) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Кочани, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

Против Т.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2020 17:29