Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Како што соопшти ОЈО, на 30 октомври, при претрес на домот на осомничениот на улица „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, бил пронајден пиштол V.BERNADELLI GARDONE со калибар 7,65 и со механички отстранет сериски број, како и една рамка со седум куршуми.

За 30-годишниот осомничен, поради околности кои упатуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерка притвор.​



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2020 20:08