Грција денеска бележи уште еден негативен рекорд, како во однос на новите случаи на Ковид-19, така и во однос на бројот на починати.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција во изминатите 24 часа регистрирани се 2.917 новозаразени, а починаа 29 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Трет ден по ред, во Грција бројот на нови случаи на Ковид-19 е над 2.000, а зголемен е бројот и на пациенти приклучени на апарати, односно 187 лица, осум повеќе од вчера.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се 49.807 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 702 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2020 21:47