Во Љубљана, каде што граѓани протестираат против новите мерки на Владата против коронавирусот, полицијата се обиде да ги растера демонстрантите со водени топови, а тие ги гаѓаа со камења и пиротехнички средства.

Како што пренесуваат локалните медиуми, десетици демонстранти се собраа да протестираат поради владините мерки, а организаторите на протестот, кој е закажан за утре, се оградија од учесниците на денешниот собир.

По употребата на водени топови и солзавец од страна на полицијата, демонстрантите се разотидоа, пишува „Словенечко дело“.

„Хеликоптери го надлетуваа центарот на Љубљана, а се слушнаа и неколку експлозии. Еден новинар е повреден, пишува „Дело“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2020 22:51