На Граничниот премин „Табановце“, утрово во 03.45 часот полициски службеници го лишиле од слобода И.М.(37) од гостиварското село Чегране, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“, по чл.268 од Кривичниот законик.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2020 02:24