Вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 14 август 2020 до моментот на пријавување непознат сторител извршил тешка кражба на агрегат за предавател на базна станица, сопственост на мобилен оператор, во атар на село Слепче, демирхисарско.

Според пријавеното, сторителот со употреба на сила и подесен алат влегол во базната станица и ги одзел составните делови на агрегатот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2020 02:28