СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Џ.(19) од с.Боговиње, тетовско, поради постооење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

Пријавениот, на социјалната мрежа “Instagram” креирал лажни профили за кои прибирал, обработувал и користел лични податоци на малолетничка од тетовско село, со што ѝ наштетил на нејзините чест и углед. Пријавениот бил лишен од слобода и приведен во просториите на СВР Тетово за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2020 02:29