На 05.11.2020 околу 11.15 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.Г.(49) од тетовско Ново Село, поради сомнение дека извршил тешка кражба. Кај него биле пронајдени украдените предмети, кои со потврда му биле одземени и подоцна му биле вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2020 14:27