Четириесет и шестгодишен жител на неготинското село Пепелиште синоќа пријавил дека бил нападнат од две лица.
-Синоќа околу 22 часот во полициската станица Неготино, тој пријавил дека околу 20:45 часот во селото Пепелиште бил физички нападнат од две лица, изјави портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Се работи на расчистување на случајот.