Припадници на Секторот за меѓународна соработка – Отсек за потрага на МВР синоќа околу 17 часот во атарот на село Горно Јаболчиште, Oпштина Чашка, го лишија од слобода 31-годишниот Ф.Д. од Горно Јаболчиште.

Како што потврдија за МИА од СВР-Велес, приведениот бил баран со распишана централна и меѓународна потерница од велешкиот Основен суд за издржување на казна затвор од пет години и три месеци во КПД Идризово, поради сторено кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 во врска со член 19 и за „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.

При преглед кај лицето и возилото што го управувал, била пронајдена прашкаста материја и марихуана, информираат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2020 14:39