Во последните 24 часа во Србија се потврдени 2.677 нови случаи на коронавирусот, најмногу за еден ден од почетокот на епидемијата, а починаа уште девет лица.

Според податоците на Министерството за здравство, од последниот пресек тестирани се 11.192 лица.

Од почетокот на епидемијата во Србија, 60.635 лица биле заразени со вирусот корона, од кои 880 починале.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2020 16:23