Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.11.2020) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 268 мерки, меѓу кои 36 за возење без возачка дозвола, 28 санкции за нерегистрирани возила, 16 мерки за возење под дејство на алкохол, 12 за незастанување на затворен семафор (црвено светло), 21 мерка за некористење на сигурносен појас, а изречени се и 54 мерки за непрописно паркирани возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2020 12:17