Во 75-та година од животот почина еден од најпознатите албански актер и режисер, Кочо Деволе откако му се влошила состојбата по заразата со Ковид-19.

Деволе беше хоспитализиран во Инфективната клиника, состојбата му се подобрила па заминал на домашно лекување, но поради влошена здравствена состојба, повторно бил хоспитализиран и последните осум дена бил интубиран. Претходно тој боледувал и од леукемија.

Покрај тоа што беше одличен комичар, Деволе беше карикатурист, сценарист, режисер и водител на спектакли.

Тој беше режисер и сценарист на емисијата „Фикс фаре“ и хумористичниот спектакл „Портокали“, кои се најпопуларни во земјата и пошироко, режирал новогодишни концерти на државната телевизија како и многу телевизиски комедии. Неговите улоги на сцената и на телевизиските екрани се едни од најпознатите за албанската јавност.

Кочо Деволе е 558 жртва на новиот коронавирус во Албанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2020 12:30