Припадници на СВР Скопје вечерва во село Раовиќ уапсија едно лице, кое било барано со потерница за издржување на четири години казна затвор.

– Вечерва во 18:45 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага со асистенција на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, помеѓу селата Буковиќ и Раовиќ, скопско, го приведоа Н. А. од с.Раовиќ, кој се барал со потерница за издржување на затворска казна од четири години во врска со чл.396 ст.1 од Закон за оружје, информираат од прес-службата на МВР.

После ова акција на скопска полиција лицето, според најавите, ќе биде предадено во казнено поправна установа.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2020 23:00