Капсула со писмо од Првата светска војна, беше пронајдена случајно од една француска двојка на истокот на земјата. Тоа се случило во септември, при прошетка во парк во Ингерсхајм.

Белешката е на пруски војник, кој писмото го испратил по гулаб пред повеќе од еден век.

– Пораката на пешадијата стационирана во Ингерсхајм подробно ги опишува воените маневри и била испратена до надреден офицер, вели Доминик Жарди, кустос на музејот „Линц“.

Белешката е на германски јазик, а датумот не се чита јасно, но се чини дека е напишана или 1910 или 1916 година. Во тоа време, Ингерсхајм – сега во француската област Грант Ест – беше дел од Германија.

Жарди смета дека ова е исклучително ретко и важно откритие за некои од најкрвавите битки во Првата светска војна. Тој рече и оти побарал од еден германски пријател да му помогне во дешифрирањето на пораката.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2020 01:45