Вчера во 09:40 часот, З.Ѓ. (63) пријавил дека во атарот на виничкото село Црн Камен, на местото викано „Камена трага“ пронашол неексплодирана граната калибар 75 мм, од Првата светска војна.

Гранатата е подигната од Дирекцијата за заштита и спасување-Виница за понатамошна постапка.

Вчера во 15:23 часот, И.Д. пријавил дека во Битола, во близина на мостот во населбата Баир, при изведување градежни работи, пронашол неексплодирана артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна.

Гранатата била подигната од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2020 01:45