Поради влошената епидемиолошка состојба, Кризниот штаб на Федерацијата Босна и Херцеговина ги заостри мерките за спречување на ширење на Ковид-19 со воведување полициски час и намалување на бројот на дозволени лица на јавни собири од 50 на 30.

Одлуката за заострување на мерките ќе стапи во сила од утре, а за време на полицискиот час е забрането движење на населението од 23 до пет часот наутро.

Полицискиот час и ќе важи на целата територија на Федерацијата БиХ.

Ограничувањето од најмногу 30 лица на собири се однесува на митинзите што се одржуваат и надвор и внатре. Новоте мерки ќе се преиспитуваат на секои седум денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2020 19:40