Полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје денеска околу 13 часот на Средно Водно ги лишиле од слобода Д.Д. (33), Ф.Д. (27) и Е.Н. (17), сите од Скопје, кои биле затекнати при извршување кривично дело „тешка кражба“ во патничко возило „Фолксваген Поло“ со бугарски национални ознаки.

Како што информира МВР, при преглед кај нив биле пронајдени украдените предмети, а исто така кај Д.Д. бил пронајден и блокатор.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2020 19:44