ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Е.(37) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.
Тој, во текот на летниот период од 2020 година, во месноста „Бадеми“, на крајбрежјето на Дебарското Езеро, узурпирал земјиште во сопственост на Р.С.Македонија, со површина од околу 236 метри квадратни и без одобрение започнал градба на индивидуален станбен објект од втора категорија.
Од извршениот увид, Секторот за урбанизам од општината констатирал дека индивидуалниот објект се гради без одобрение и во спротивност со Законот за градење. Со таквото дејствие пријавениот се стекнал со туѓо земјиште и со противправна имотна корист во износ од 361.965 денари.