СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.Д.(23) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија’’.

На 10/11.10.2020 пријавениот не се придржувал кон Протоколот за отворање и работа на кафетерии, објавен во „Службен весник“ од 05.10.2020 и во периодот од 23.20 до 00.30 часот во угостителски објект, во негова сопственост, полициски службеници затекнале десет лица, од кои пет малолетни, кои консумирале алкохол, а во футролата од мобилниот телефон на пријавениот била пронајдена и прашкаста материја.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2020 02:59