СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.К.(22) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

Тој, на 06.10.2020 во Полициската станица Охрид пријавил дека претходниот ден во охридското с.Куратица непознат сторител му одзел мобилен телефон и пари.

По преземени мерки, било констатирано дека во тој период пријавениот не престојувал на подрачјето на СВР Охрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2020 03:27